Маточината е растение кое во летниве месеци максимално се користи во нашиот дом. Мирисот на лимон кој го содржи маточината освежува и се добива вкусна и освежителен сок со прекрасен вкус.
Маточината се мие и заедно со се гранчињата се става во подлабок сад-да не биде пластичен (порцелански, бронзен или стаклен)
Водата се става да зоврие и така врела се налева врз маточината. Се покрива садот и се остава 12 часа да одседи. Одкако ќе одседи 12 часа се процедува, гранките убаво се цедат и кон течноста се додава шеќерот и лимонтусот. Се меша со дрвена лажица додека шеќерот се стопи, а потоа се собира во шишиња. Се чува во фрижидер. Од оваа доза излегува околу 2,5 л сируп.
Кон маточината може да се додаде и неколку гранчиња свежа црвена мента за појак вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани