7
јул
2020
Лимонада со маточина
Рецептот го сретнав во групите за здрава храна, и веднаш го пробав. Навистина е освежителен, а и брзо се спрема.
Листовите маточина се блендираат со 200 мл вода, на најголема брзина, 10 секунди, па се остава некоја минута да отстои, и повторно се блендира околу 1 минута. Потоа се додава преостанатата вода, и се меша, па се процедува низ цедалка. Се додава цеден сок од лимоните, и доколку сакате поблага лимонада, и некоја лажица мед.
На здравје!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови