Мафини со маточина и крем
Денес ќе споделам со вас еден убав, вкусен, здрав десерт. Маточината сега е во полн ек, па наберете го, воведете го во исхраната и исушете за во зима за чај. Маточината е една од ретките билки која е истовремено и лековита и мирисна, украсна, зачинска, ароматична, медоносна и индустриска. Се одгледува во култура како лековита и ароматична билка, а во парковите како украсна билка. Цвета од јуни до септември. Маточината е многу лесна за одгледување. Целата билка, а посебно кога ќе се изгмечи, дава јак, многу пријатен мирис, кој потсетува на лимон, па затоа е позната и како „лимон-трева“ („lemon balm“). Вкусот е ароматичен. Маточината има многу пријатен мирис и вкус, па затоа често се користи како додаток на многу јадења за подобрување на нивниот вкус, но и за подобро варење на храната. Бидејќи ја намалува подуеноста и грчевите во цревата, често се додава во разни сосови. Маточината, како зачин, може да се користи свеж или сушен. Бидејќи по својот вкус и мирис потсетува на лимон, тој може да се става во сите јадења наместо лимон. Тој е одличен додаток на супите, маринатите, сосовите. Често се додава на јадењата од зеленчук, на јадењата од печурки, како и на некои видови на риба. Прво во вангличка се ставаат 2 јајца, се додава шеќерот и се мати до побелување. Се исклучува миксерот, се додава сокот од лимон, растопениот путер, исецканите на ситно листови маточина, пецивото, брашното. Сето лесно со шпатула се промешува. Се полнат хартиените корпи до половина.Мене ми излегоа 10 големи мафини. Додека се печат, тое е 10-12 минути го приготвуваме филот. Во сад ги соединуваме густинот, млекото, шеќерот, ванилата и ставаме на оган да се свари крем, со повремено мешање. Го оставаме да се под излади ,па го додаваме путерот. Шлаг пената ја матиме со 100 мл млеко и ја додаваме на изладениот крем. Промешуваме.Кремот го делиме на половина. Во едниот дел ставаме на врвот на ножот зелена прехрамбена боја и промешуваме. Мафините ги вадиме од релна нека се изладат. Сега земаме готварски шприц и го полниме од едната страна со бел крем а од другата страна со зелен крем. Обилно ги украсуваме мафините, и дегустираме од оваа убавина.