Либум - Жртвен леб
Либумот всушност бил леб или погача која се во одредени прилики и прослави нудела на духовите во староримските домови. За овој леб имало повеќе верзии на рецепти, но овој бил најблиску до оригиналот - древниот рецепт, а преработен од Римски кувар на најпознатиот автор на готварските книги за древни рецепти - Марк Гавиус Апициус кој живеел во 1 век сл.н.е., за времето на император Тибериј (14–37 г.).
Тој ја напишал познатата готварска книга De re Coquinaria
Овој рецепт е прилагоден на оригиналот, верувам дека е така. Додека се пече овој леб во кујната се шири божанствен мирис кој ме прави нестрплива додека се испече. Подеднакво вкусна грицкалица и додека е топла и ладна... едноставно фантастилно лепче за кое не треба многу ниту време ниту уметност, едноставен рецепт!
Подготовка
1. Изгмечето го или изрендајте го сирењето, додадете го брашното и јајцето, замесете и поделете го добиеното тесто на 4 еднакви дела.
2. Од секое тесто формирајте мала погачка, засечете ја со нож на 8 дела.
3. На модлата или во тавчето на дното ставете ловоров лист, врз листовите поставете ги погачките и печете во загреана рерна околу 40 мин. додека не порумени.
НАПОМЕНА
Како што прочитавте, пишува 600 гр. сирење. Јас поради тоа што за викендов не знам колку пати го испеков, секој пат различно сирење користев - од тврдо овчо, меко кравјо, фета.. за да на крај ставам урда. Во сите случаи еднакво добро. Значи следен пат нема да мислам кое ли сирење да го користам, едноставно тоа што го имам во моментот,а најекономична грицкалица ова лепче ќе ми биди и ако користам само урда, но не да е водена, туку сува.
Не штедете на ловоровиот лист, дава одличен вкус, токму тој е причината за оваа вкусотија. Не мислете дека ние немаме свеж ловор (а можеби некој си го има во градина), користам сув за кој сметам дека не го намалува вкусот на лепчето.
Нека ви е слатко!
Лиценца: Сите права се задржани
само толку?
јајца, брашно и сирење?
ионака не знам да користам ловоров лист, секогаш го заборавам, еве рецепт каде што ќе морам да го користам :) :) :) :)
туку, ако се става урда иста количина како за сирењето? :)
од оваа количина излегуваат 4 посебни погачки или јас нешто не сконтав саглам? :)
да не треба да ги редам вака
ловор, тесто, ловор тесто и така додека има од се'?
прашувам, морам да прашам. едноставно не ми се верува дека е толку лесно :) :) :) :)
Урдата јас ја ставив во иста количина...не е водена, малку сува или да личи барем на ситно сирење, не да кашеста... ма ке се снајдеш ти и веднаш ти препорачувам... не жали ја урдата оти знам дека имаш, меси повеке дози одеднаш, малку ке ви е ова ....Поздрав и те чекам овдека...а како што и погоре напишав,...ај барем една погачка стави врз лис од смоква и пели ја... па ми кажи,
Инаку, гледајќи го составот на тестото Лиле, мене ова некако многу ме потсетува на твоите кашкавалки кои ги имам пробано и многу ми се допаднале. Ако и ова има некоја сличност со нив, уште не пробано сигурна сум дека е одличен :)
бидна. мирисаше убаво, иако мислам дека со свеж ловор е 100% поубаво. овој мојов сув, па не се истакна бог знае колку :) :) :) :)
и друго. помислив, ама ај си викам, ќе пробам и без додавање на сол. дефинитивно фалеше сол. нашата урда е несолена. само тоа му беше мана, не беше соленко.
пробав да видам потенко и подебелко. потенкото беше 4-5мм, а другото скоро дупло. потенкото беше поубаво, особено на краевите каде што крцкаше најмногу. значи ШТО ПОТЕНКО за нас :)
еве сликиче:
супер ми беше мене. денес пак. нека крцка! :) :) :) :)
Praveno so urda, zamirisana cela kukja...probano i so list od smokva. Mmmm
Инаку, би му ставила јас мааалку прашак за пециво следен пат. За да биде повоздушест, да не мора се да изедеме одма додека е топол :)
заради овој рецепт ќе садам ловор во двор :) :) :) :)
(не се зезам)
кај нас дома дозва пишана во рецептот веќе се смета за ПОЛА ДОЗА!
или се прави со 1.200 урда или не се прави ич :)
два дена само тоа јадеме и малку ни е :) :) :) :)
Ах Лилјана! :)) ти и твоите прекрасни нешта!!!
(нека ми прости клеопатра што сосема друг рецепт напраив)
Имено, наместо сирење ставив урда со сечкани пиперки, па на една доза послав ловоров лист, ана друга не ставив од листот....Да ви кажам дека вкусовите се различни, во делот со ловоров лист, да се чувствува, но доминира вкусот на урдата со пиперки....Ова е нашето искуство, оригиналот либум е навистина вкусен, ама ние не сме ти бре Римјани, дај тоа урдата со пиперки и си го добил вистинскиот привлечен Македонски вкус:)
п.с Лиле рецептот е одличен ова е само дополнение, да се знае кога експериментирам јас:):):)
ево и фотче:)