Оваа тортичка е хит во моето семејство. Скоро секоја недела ја правиме. Најдоброто кај неа е што нема јајца и нема миксер. Значи сите состојки се мешаат со дрвена лажица.
Најпрво се ставаат сите течни состојки, па потоа другите состојки . Се мешаат со лажица да се добие една густа смеса. На крајот се додава џемот во тестото. Може да се испече и без џем, па потоа врз печеното тесто да се прелие со џемот.
Се става во округло плехче бр.24 со обрач и се печи во загреана релна на 200/30мин (во зависност од релната). Кога ќе олади се прелива со глазура. Лесно и брзо. Наздравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани