8 жолчки се матат со 8 лажици шеќер, па им се додаваат лешниците, чоколадата, брашното и пецивото и на крај цврст снег од 8 белки изматени со 3лажици шеќер. Од оваа смеса се печат две кори во поголем плех
2кора
Белките се матат во цврст снег,  па им се додава шеќерот, лешниците, с.грозје и брашното и се пече кора во истиот плех

1фил
Чоколадата се топи на пареа и се налева со хоплата, па се меша 10минути додека смесата се соедини и се остава да се олади ама не сосем, млака се мачка врз корите

2фил
се вари крем од пудинзите, 5жолчки и шеќерот во 1литар врело млеко. Маргаринот пенасто се мати и се додава кон оладениот пудинг. Убаво се изедначува целиот фил и на крај се ренда белата чоколада на покрупно ренде
Тортата се филува
1кора па чоко прелив,па жолт фил,кора со с.грозле,чоко прелив,жолт фил,3кора,чоко прелив,жолт фил и најгоре се декорира со шлаг или хопла
Тортата е доста голема и вкусна и погодна за родендени, веридби

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови