Испечати

Лешник чоколадна торта

Лешник чоколадна торта

Состојки

  • 1 и 3 кора
  • 8 јајца
  • 11лажици шеќер
  • 16лажици мелени лешници
  • 5лажици брашно
  • 4штангли стругана чоколада
  • 1 пециво
  • 2кора
  • 5 белки
  • 150гр шеќер
  • 100гр сецкани лешници
  • 100гр суво грозје
  • 2лажици брашно
  • 500мл слатка павлака-хопла
  • 200гр црна чоколада за кување
  • фил 2
  • 1л млеко
  • 3кесички пудинг од лешник
  • 5 жолчки
  • 350гр шеќер
  • 250гр маргарин
  • 200гр бела чоколада за кување

Подготовка

8 жолчки се матат со 8 лажици шеќер, па им се додаваат лешниците, чоколадата, брашното и пецивото и на крај цврст снег од 8 белки изматени со 3лажици шеќер. Од оваа смеса се печат две кори во поголем плех
2кора
Белките се матат во цврст снег,  па им се додава шеќерот, лешниците, с.грозје и брашното и се пече кора во истиот плех

1фил
Чоколадата се топи на пареа и се налева со хоплата, па се меша 10минути додека смесата се соедини и се остава да се олади ама не сосем, млака се мачка врз корите

2фил
се вари крем од пудинзите, 5жолчки и шеќерот во 1литар врело млеко. Маргаринот пенасто се мати и се додава кон оладениот пудинг. Убаво се изедначува целиот фил и на крај се ренда белата чоколада на покрупно ренде
Тортата се филува
1кора па чоко прелив,па жолт фил,кора со с.грозле,чоко прелив,жолт фил,3кора,чоко прелив,жолт фил и најгоре се декорира со шлаг или хопла
Тортата е доста голема и вкусна и погодна за родендени, веридби