9
дек
2015
Лешник бомбици со чили (посно)
Сварете си кафенце и почестете се од брзиве бомбици, па уживајте во убавиот ден.
Подготовка
Свежите урми ги ставаме во вода да покиснат околу 15 минути. Потоа ги лупиме од лушпата и ги тргаме семките. Зрната какао ги ставаме во нутрибулет добро да се сомелат, а потоа и лешниците. Сите состојки ги соединуваме и правиме бомбици кои ги валкаме во какао. Оставете ги во ладилник да се стегнат.
Забелешка
Чили може да ставите и повеќе, ама пробајте ја прво смесата што ќе ја направите. Ако ја соединувате смесата во Нутрибулет или блендер може и да не ги отстранувате лушпите од урмите. Додадете или одземете од зачините по вкус.
Лиценца: Сите права се задржани
и ние си користиме сурво какао, ама не и агаве. ќе шибаме со мед ;)