Летна торта со овошен јогурт
Еве една брза, лесна и освежителна торта погодна за летен период.
Бидејќи немав време да печам пандишпани ја направив со готови кори, па можам да кажам дека беше навистина вкусна. Лесна за подготовка, а уште полесна за јадење.
Изматете ја слатката павлака па додадете го овошниот јогурт и матете со миксерот да се изедначи смесата и поделете ја на 3 еднакви делови.
Ставете ја првата кора нанесете го филот рамномерно, потоа ставете ја втората кора па филот и на крај ставете ја третата кора па филот и премачкајте ја тортата од сите страни. Ставете ја во фрижидер да се стегне околу 2 часа.
Овошниот јогурт не мора да биде од шумско овошје може да си изберете по ваша желба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови