Лесен ролат со јаболка
1. Излупете ги јаболката, пресечете ги на половина или четвртинки и потоа исечкајте ги на тенки ливчиња од околу 2 мм.
Измешајте ги во сокот од лимон за да не отемнат и тргнете ги на страна додека го работите тестото.
2. Изматете ги најпрво белките со малку сол во цврст снег и оставете ги на страна. Местото каде што ќе стојат се препорачува да не е многу топло.
3. Во друг сад за матење изматете ги жолчките со шеќерот до згуснување и побелување. Во меѓувреме можите да го додадете и ванила шеќерот.
Сега додадете ја водата, лажица по лажица, при што за секоја ќе матите по околу 1 минута.
4. На крај додадете го просеано брашното и прашокот за печење. Соединете со најмала брзина на миксерот.
Сега, со шпатула и внимателно кружно мешање од горе на долу вмешајте ги белките со додавање во неколку наврати.
5. Обложете го со пек-хартија плехот од шпоретот.
Врз него наредете ги скалесто парчињата јаболка, само малку да се преклопуваат. Поросете ги со цимет по ваш вкус.
Врз јаболката истурете ја смесата и израмнете насекаде.
Печете во загреана рерна на 180С, 15-20 минути.
6. Печената кора покријте ја со пацета и оставете ја 10на минути. Потоа извадете ја од плехот превртена врз пацетата или ако сакате друга пек-хартија и внимателно завиткајте ја во ролат.
Оставете барем еден час на ладно да се стегни пред да уживате во вкусните парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови