
10
јул
2018
Лепињи за сендвичи, хамбургери, тостови
Подготовка
Сите суви состојки ги ставаме во еден сад во кој ќе ни стасува тестото. Го додаваме маслото и млекото и замесуваме тестот со млаката вода.
Го оставаме да стаса, да се дуплира. Откако ќе стаса го размесуваме и формираме топчиња со големина по желба. Ги оставаме на работната маса да стасаат околу 20-25 минути. Повторно ги размесуваме и ги редиме во тавче. Ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути, зависи од собната температура. Ја вклучуваме рерната кога ќе ги наредиме во тавче.
Ги печеме во загреана рерна на 220 степени до поруменување.