Меки, домашни лепињи подгответе за вашите најмили.

Подготовка:

1. Во топлото млеко ставаме лажиче брашно, шеќер и квасец. Соединуваме и оставаме да се активира.
2. Потоа во вангличка се ставаат активирани квасец, сол, масло и вода. Постепено се додава брашно.
Се замесува меко тесто. Се додава растопениот путер и се меси се додека тестото не си го прими и не добиеме мазно, фино тесто. Го покриваме и оставаме да се дуплира.
3. Го премесуваме уште еднаш и оставаме пак да се дуплира. Потоа го делиме на 6 топчиња.
Формираме лепињи. Ги оставаме во плех, ги покриваме и повторно оставаме да се дуплираат.
4. Ги премачкуваме со жолчка, со млеко, наросуваме сусам и ги печиме во загреана рерна од 25 до 30 минути. Оставаме малку да се изладат, па правиме сендвичи по сопствен вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани