Меки и вкусни, особен шмек им дава интегралното брашно...

Подготовка
1. Сите суви состојки ги ставаме во еден сад во кој ќе ни стасува тестото. Го додаваме маслото и млекото и замесуваме тесто со млаката вода. Го оставаме да стаса, да се дуплира.
2. Откако ќе стаса го размесуваме и формираме топчиња со големина по желба.
3. Ги оставаме на работната маса да стасаат околу 20-25 минути.
4. Повторно ги размесуваме и ги редиме во тавче. Ги оставаме да стасаат околу 15-20 минути, зависи од собната температура.
5. Ја вклучуваме рерната кога ќе ги наредиме во тавче.
6. Ги печеме во загреана рерна на 220 степени до поруменување.
7. Откако ќе се испечат ги премачкуваме со масло додека се топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани