Ледени цимет коцки
Најпрвин пенесто изматете ги јајцата и шеќерот.
Во сад измешајте ги брашното, какаото, циметот, каранфилчето и пецивото.
Постепено од оваа смеса на суви состојќи додавајте во изматените јајца и мешајте со жица.
Смесата за пандишпан истурете ја во правоаголен плех, претходно премачкан со масло и набрашнет.
Печете на 180 степени.
Испечениот пандишпан оставете убаво да се олади.
Крема
Во тенџере на оган ставете го млекото и шеќерот.
Откако шеќерот ќе се растопи додајте го густинот, растворен со малку млеко и мешајте додека кремот се згусти.
На крај додајте ја ванилата.
Оставете кремот да се олади, а потоа соединете го со претходно изматениот маргарин со шеќерот во прав.
Во друго тенџере на оган ставете ја водата и шеќерот да провријат, не повеќе од 5 минути и попарете го добро изладениот пандишпан.
Прелив
Во сад на оган ставете го чоколадото, шеќерот, водата и маслото да се растопат.
Врз попарениот пандишпан нанесете ја кремата и прелијте со преливот.
Оставете го колачот преку ноќ да отстои во фрижидер.
Лиценца: Сите права се задржани