![Ледена торта](https://moirecepti.mk/content/uploads/2021/09/242600737_282356550137128_7241811044270570228_n-d4f2df-800x480.jpg)
Ледена торта
Подготовка:
1.Се матат јајцата со шеќерот, за да се добие пенеста смеса. Потоа се додава брашното претходно измешано со какаото. Се мешаат состојките и се печe во округол калап бр.26 во загреана рерна на 180С/20мин. Се лади и се прелива со топол прелив.
2. Шеќерна вода-Во длабок сад се мешаат шеќерот и водата и се прелива оладената кора. Се остава да се впие и да олади.
3. Фил-Во тенџере се вари млекото со шеќерот се додава нишестето со малку измешано млеко и се вари како пудинг. Се оладува. Настрана се мати маргарин со шеќер во прав и се меша со изладениот фил. Ја филуваме тортата со белиот фил и одозгора ја преливаме со глазура.
Ја оставаме тортата убаво да се излади.
Лиценца: Сите права се задржани