Бисквитите издробете ги на парчиња, полијте ги со ладното млеко, измешајте и оставете да отстои, бисквитите да омекнат.
За тоа време изматете го маргаринот исечкан на коцки со шеќерот измелен во прав со машинче за мелење кафе или сецко, може да користите шеќер во прав, но во тој случај ставете 100 гр.

Матете додека се добие пенаста структура. Одделете ги белките од жолчките, жолчките додадете ги во смесата од маргарин и шеќер, изматете уште еднаш да се соедини. Белките ставете ги во подлабок сад, изматете ги со прстофат сол, со чисти маталки. Матете додека добиете цврст снег. Снегот пополека додавајте го во смесата со маргарин и измешајте со лопатка да се соедини.
Додајте го кокосот и чоколадата, може да додадете и нешто друго, на пр. желе бонбони, ореви, кафе, какао....
Смесата додајте ја во искршените полиени бисквити и измешјате да се соедини убаво.
Правоаголен плех 30х35 см. обложете го со целофан.
Сипете половина од смесата и израмнете, намачкајте го мармаладот, ставете ја другата половина од смесата.
Оставете во фрижидер 2 часа или преку ноќ да се стегне. Откако отстојала тортата превртете ја на поголема чинија и украсете ја со изматена слатка павлака или стопено чоколада на пареа или на тивок оган.
Сечете прачиња по желба.

-Користете мармалад од црвено овошје,подобро ќе изгледа,кај мене беше од посветло,затоа не се познава.

-Шеќерот прилагодете го по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови