Ледена торта со малку состојки, богат вкус, а за подготовка не одзема многу време.

Подготовка
1. Киселата павлака и шеќерот се матат додека да се растопи шеќерот.
2. Слатката павлака ја матиме со миксер во друг сад.
3. Двете смеси ги соединуваме, па добиената смеса ја делиме на два дела.
4. Во едниот дел ставаме мелени бисквити, а во другиот сечкано чоколадо со ориз.
5. Во соодветен калап прво ја истураме смесата со чоколадото, ја оставаме во замрзнувач да се стегне малку.
6. Потоа ја истураме и распоредуваме смесата со бисквитите и го ставаме во замрзнувач.
7. Го служиме ладен, односно го вадиме од замрзнувач, сечкаме парче и повторно го враќаме во замрзнувач.

Забелешка
Ако сакате може да ставите и шеќер во прав, тогаш нема ни да имате потреба од матење, само со рачна маталка соединете ја смесата. Јас шеќерот што го ставив малку беше покрупен од вообичаено, па морав да го вклучам миксерот за да ми се растопи побрзо. Инаку го матам со рачна маталка и се растопува без проблем. Бисквитите ги мелев во нутри булет, па се направија како прав и одлично се вклопија во десертов. Го користев силиконскиот сад за векни на Делимано. Ако ја ставате во друг сад ставете најлонска фолија за да ви се преврти убаво. Држете ја во замрзивач до служење.