1. Компирот го рендаме на ренде на најситниот дел.
2. Во длабок сад за месење го ставаме брашното, сол, квасец, ким, оцетот и ренданиот компир. Со постепено додавање на вода замесете тесто.
3. Покријте со кујнска крпа нека отстои 10 минути, па потоа премесете го тестото и пак оставете да отстои уште половина час.
4. Потоа размесете го тестото. Јас тестото размесив во два дела, а можете ако сакате и во три помали дела ставете во плек обложен со хартија или премачкан со масло и брашно. Посипете го со малку ким и направете две коси плитки линии со остар нож. Оставете да појде 20 минути.
5. Печете во релна загреена на 250 степени додека да добие боја, а потоа на 150 степени половина час.

Совет.
Водата ставајте ја постепено мене ми отидоа сите 600мл, но се зависи до самото брашно. Може и да ви отиде околу 580 мл или пак да зафали малку , тогаш додадете малку.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови