Леб со компир
Компирот се вари, лупи и ренда на покрупно ренде. Брашното се просејува и се става во подлабок и поголем сад каде што ќе може да стаса лебот. Се замесува тесто од брашното, квасецот и уште млакиот компир. Се додава кимот и се остава да стаса. Тестото брзо стасува затоа што и компирот е млак и го забрзува процесот. Се размесува по желба на векни или округли лепчиња и се пече во подмачкан плех околу 30мин на 180 и уште 15 на 150.
Лебот ќе добие убава црвена боја и затоа се покрива со хартија во допечувањето, а куќата ќе се исполни со прекрасна миризба на која ретко кој може да и оддолее
Овој леб е многу вкусен и долго време останува мек. Сега може да се искористи и вишокот лански компир и на овој начин и да ги ослободиме нашите остави за пролетни тазе намирници.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
lebot e prekrasen nema da zgresis ako go napravis
дани, како што рече, компири од лани има, лепче си печеме секој ден, па деновиве ќе биде и ова :)
само да Опитам, не ли е голема дозата со 2 кг брашно? :)
смее да се стави млеко место вода?
го замислувам пуфкаво и толку вкусно што би требало да се јаде без ништо :) :) :) :)
LUDO sekako moze da probas i so pola doza ama receptot .e namerno so tolkavi meri zatoa sto polovina ce se potrosi odma a drugata polovina e meka i odkako ce odstoiKaj mene doma koga se pece lepce ne se ceka nitu da ZDIVNE bar 10minuti se duva i se jade i togas im e najslatko.
вторито дел од коментарот е лудило :) :) :) :)
ќе пробам со вода првиот пат, а после и со јогурт, па ќе кажам искуство ;)
Dani lepcevo fenomenalno izgleda i cim sedi podolgo mek obavezno go pravam
lebot e navistina mnogu vkusen pozz:)
Инаку нарасна како крофничка е меко и маж ми одма позна дека поинаков леб јаде :))
Одлично е мислам и за гости вакво нешто да се изнесе наместо кифлички или обичен леб.Уште не сум го сликала,па слика подоцна.
Иако ми го препорача уште на средбата дури сега дочека реализација,но беше во право,ова е прекрасен леб.
Поздрав до тебе Дани
Sega gi vrtam receptive i gledam mnogu sliki sum propustila i se izvinuvam sto ne sum odgovorila vednas pozzz:)