Леб со компир
Состојки
- 1кг варен компир
- 2кг брашно
- 50гр свеж квасец
- 1кесичка ким
- 2-3лажици сол
- 250мл(околу) топла вода колку да се покисне квасецот
Подготовка
Компирот се вари, лупи и ренда на покрупно ренде. Брашното се просејува и се става во подлабок и поголем сад каде што ќе може да стаса лебот. Се замесува тесто од брашното, квасецот и уште млакиот компир. Се додава кимот и се остава да стаса. Тестото брзо стасува затоа што и компирот е млак и го забрзува процесот. Се размесува по желба на векни или округли лепчиња и се пече во подмачкан плех околу 30мин на 180 и уште 15 на 150.
Лебот ќе добие убава црвена боја и затоа се покрива со хартија во допечувањето, а куќата ќе се исполни со прекрасна миризба на која ретко кој може да и оддолее
Овој леб е многу вкусен и долго време останува мек. Сега може да се искористи и вишокот лански компир и на овој начин и да ги ослободиме нашите остави за пролетни тазе намирници.