25
ное
2015
Лангиди
Во длабок сад ставете ги брашното, маслото, содата, солта, шеќерот и квасецот.
Постепено додавајте топла вода и замесете тесто.
Од замесеното тесто расукајте кора околу 0,5 цм.
Кората исечете ја на правоаголници(големина по желба).
Секое парче тесто на едната страна засечете го на неколку места и оставете да отстојат 20 минути.
Пржете ги во поголема количина загреано масло.
Послужете ги по желба(сирење, јогурт, мармалад, шеќер....)
Лиценца: Сите права се задржани
а јас пак мислев источна лангиди ги вика. ти чупе, го фаќаш овој термин од твојот крај?