Струмички лангиди
Стар струмички рецепт за мекици кој традиционално се подготвува за новороденче.
Но со тек на времето рецептот се менувал, секој си го прилагодувал на вкусот, а се користи и за прекрасен доручек, вечера или едноставно десерт.
И мојот рецепт е изменет, но се трудам да го сочувам основниот.
Навистина се прекрасни и единствени по својата форма, намена и вкус.
Доколку сакате да бидат посни, користете само брашно, вода и квасец.
1. Подгответе го квасецот
2. Во брашното додадете ги состојките
3. По месењето оставете да стаса
4. Повторно месите, може и до 3 пати
5. На раката си ставате зејтинче и правите лангида со отвор во средината
6. Се пржат во многу зејтин
7. Убаво е да останат побели и да бидат шупливи
8.Се сервираат со шеќер во прав, но може и мед, мармалади, а и во солена комбинација
Добар апетит !
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови