Лазањи со бешамел со јогурт и мелено месо
1. Прво на загреано масло се пропржува исецканата главица кромид, па се додава меленото месо. Се пржи се додека не испари течноста, се зачинува и се налива со сос од домати. Се остава на тивко да крчка се додека не испари течноста. На крај се додаваат шампињоните.
2. Листовите лазањи се редат во правоаголна тепсија и се налеваат со вода колку да ги покрие и така стојат 20 минути, а потоа се процедуваат. Се редат на тајнир.
3. Во тенџере се става путерот и се става брашното да се запржи. Потоа се налеваат јогуртот и млекото и се меша на тивко се додека сосот не се згусни, а не смее да проврие. Се зачинува.
4. Начин на редење –правоаголна тава се намрсува и дното се покрива со листови лазањи, врз нив се става од меленото месо, се потура со 2-3 кутлачи бешамел сос, врз него се редат листови кашкавал, повторно лазањи, месо, сос, кашкавал и се така додека не се истроши целиот материјал.
Најгоре прво се покриваат со бешамел сос и листови кашкавал и се печат на 180 степени околу 40 минути.
Јас исклучиво листовите лазањи само ги натопувам во вода да одстојат 15-20 минути и ги цедам.
Тие во всушност се приготвуваат без варење, само во бешамелот кога ќе се наредат.
Бешамелот го правам со јогурт, наместо со млеко, некако е полесен и посвеж.
Лиценца: Сите права се задржани