Едноставен, освежителен десерт во чаша. Лажна панакота е бидејќи белиот дел е всушност приготвен пудинг, а не крема со желатин, но вкусот е прекрасен.
Во сад го додаваме овошјето со 4 лажици шеќер и 4 лажици вода. Вишните беа замрзнати и пуштија и дополнително вода, значи ако се употребува свежо овошје може да се додаде уште неколку лажици вода. Да поврие малку овошјето околу неколку минути и се остава малку да олади.
Овошјето кратко се блендира со рачен блендер. Кон овошјето се додаваат 2 пакетчиња желатин растворен со 4 лажици вода. Овошниот дел се става во 4 чаши до половина. Се ставаат чашите во фрижидер да одстојат 3 часа.

За белиот дел се става млекото да зоврие. Кон ова се додават 2 пудинзи помешани со шеќерот и 4 лажици вода. Кога кремот се згусне се полева овошниот дел од панакотата. Повторно во фрижидер и после 1 час десертот може да се изеде целиот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови