Подготовка
Златната мешавина ја вариме,откако ќе ни се свари ја процедуваме и оставеме да се излади.Во посебно тенџере ги вариме компирите кои одкако ќе ни се сварат и изладат ги рендаме и додаваме со остатокот на мешавината.
Кашкавалот,пиперките со павлака,краставичките,јајцата и саламата ги сецкаме на ситни коцки и ги мешаме со останатата салата.На салатата и додаваме павлака и додаваме мајонез по желба(јас ставив околу половина тегла).
Зачинувате и украсувате по желба...една убава салата која може да ви се најде на трпезата за престојните празници.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани