Испечати

Лажна руска салата

Лажна руска салата

Состојки

  • 450гр. златна мешавина(грашок,морков,пченка)
  • 2-3 средна големина компир
  • 200гр. салама(по ваш избор)
  • 200гр. кашкавал
  • 3-4 кисели краставички
  • 2-3 варени јајца
  • 2 супени лажици павлака со вкус на пиперка(павлака со пиперка)
  • 2 пиперки сецкани со павлака
  • мајонез по желба,сол и бибер

Подготовка

Подготовка
Златната мешавина ја вариме,откако ќе ни се свари ја процедуваме и оставеме да се излади.Во посебно тенџере ги вариме компирите кои одкако ќе ни се сварат и изладат ги рендаме и додаваме со остатокот на мешавината.
Кашкавалот,пиперките со павлака,краставичките,јајцата и саламата ги сецкаме на ситни коцки и ги мешаме со останатата салата.На салатата и додаваме павлака и додаваме мајонез по желба(јас ставив околу половина тегла).
Зачинувате и украсувате по желба...една убава салата која може да ви се најде на трпезата за престојните празници.
На здравје!!!