Чоколадото, путерот и прстофатот сол се соединуваат на многу тивок оган или над пареа и се остава да се излади, да биди млако.

Јајцата се матат со ванилата, постепено им се додава шеќерот во прав и се мати се’ додека не се добие густа пена.

Потоа им се додава растопеното чоколадо со путерот, убаво се соединува.

На крај се додава брашното помешано со просеаното чоколадно какао и малку цимет. Убаво се изедначува смесата.

Се полнат калапите претходно премачкани со путер или силиконски калапи за мафини и се печи во претходно загреана рерна за време од 7 мин. на 200 степени.

Се сервира топло со овошје, шлаг пена или сладолед....

Уживајте!

п.с.Фала ти мила Весне за рецептот.... :)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови