Ла фиеста колач
Во длабок сад ги ставаме брашното, шеќерот, какаото и путерот. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Со рака замесуваме тесто и го ставаме садот 30 минути во фрижидер.
Изладеното тесто го размесуваме и на набрашнета работна маса со сукалка размесуваме кора. Ја ставаме во тава 26 намрсена со масло или путер, покријте и околу 1 см од страничниот дел од тавата.
Јаболките ги лупиме и ги сечеме на тенки кришки. Парчињата јаболки ги редеме скалесто во круг врз кората. Ги наросуваме со мелените ореви и со циметот.
Во друг сад ги кршиме јајцата, го додаваме шеќерот, ванилиниот шеќер и маслото и мешаме со жица за матење додека не се растопи шеќерот.
Го додаваме брашното, мешаме додека смесата не се соедини и ја нанесуваме во тавата врз јаболките.
Печеме 40 мин на 180 степени.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови