Едноставна торта која брзо се прави и има богат чоколаден вкус.

Подготовка:

1 . Се матат јајцата со постепено додавање на шеќерот. Потоа се додаваат млекото, брашното, какаото и пецивото.
2 . Се печe во плех, со хартија на дното, на 200С-20мин. Се прави уште една кора.
3 . Кога корите ќе оладат и двете се сечат хоризонтално за да се добијат 4 кори.
4 . Сега го правиме филот. Се вари млекото заедно со шеќерот додека се растопи. Потоа се додава чоколадото, маргаринот и на тивко се топат. На крајот се додаваат мелените ореви и румот. Филот е течен и се филува тортата со кутлачка .
5. Корите мора да се ладни, а филот топол. На дното од тенџерето ставаме мрсна хартија и едната кора. Врз неа ставаме 1/ 3 од филот (филот го поделив на 3 дела), потоа кора, фил, кора, фил и најгоре кора. Сето ова го завиткуваме со фолија и ја оставаме тортата до другиот ден да се стегне во фрижидер.

Јас ја премачкав со остатокот од филот и ја поросив со ореви, бисквити и рендано чоколадо. Ја украсив со чајни колачиња и мали чоколатца. Навистина е вкусна и едноставна .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани