Долго време името на овие кифли ми го одвлекуваше вниманието да видам за што кифли се работи. Самото име во превод значи зелка и мојата претстава беше дека се прават со фил од зелка, па затоа така се викаат. Но, како на „нет“ стануваат се попопуларни, конечно решив да ги „удостојам со моето внимание“. Врска нема со зелка : ) Веројатно името се должи на убавите „залистоци“ што се добиваат после нивното печење. Кифлички, кои во внатешноста се како пресечена зелка. Јас напати сум си ептен детален тип, па за неволја наместо одозгора само, ги премачкав со јајце и од пресечените страни (има се-може се : ) ), така да на сликите каде се цели и без пресек, малку е потешко тоа така убаво да се види, но затоа пак ви ја нудам дополнителната слика во пресек да видите она за кое овде погоре прсти си „убив“ од „воведувачка“ : )
Ах, да... за филовањето... можи да ги филовате со што сакате, а можи и воопшто фил да не ставате. И така и така подеднакво се „зелкасти“

Ставете го јогуртот да се загрее до степен кога ќе ставите прст да можи да се трпи. Тргнете го од оган и додадете го раздробен квасецот и 2те лажички шеќер. Оставете кратко да се активира квасецот.

Во длабок сад за месење измешајте го брашното со пецивото и солта. Во средината скршете ги јајцата и со налевање на заквасениот јогурт измесете тесто. На крај со постепено додавање на маслото домесете. Тестото ќе стани глатко и меко. Не додавајте и не одземајте ништо. Мерките си се точно подесени, а резултатот е „купус“ кифли МЕКИ КАКО ДУША. Оставете го покриено на топло да дуплира.

Нараснатото тесто поделете го на 2 дела. Секој развлечете го во правоаголник и премачкајте го со маргарин. Завиткајте го како пакетче и покријте го со крпа да одстои 15на мин. Потоа се повторува истата постапка, но преклопувањето на тестото се прави од обратната страна.
На крај, расучете го уште еднаш во правоаголник, премачкајте го со маргарин, по желба додадете фил (кај мене едни само со изварка, други празни и 3ти, односно половината со кечап, салама и сирење) и изолајте го како ролат.

Ролатот го сечиме во вид на триаголничиња, а најдобра финтица кај овие кифли е со мало чинивче од филџан за кафе.
Наредете ги кифлите во подмачкан плех или врз плех обложен со пек хартија и оставете ги уште 15на мин пред да ги премачкате со разматено јајце и посипите со сусам или било што по ваша желба.
Печете ги на 200 степени додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани