Кулуракија - грчки велигденски колачиња со амонија
Сите состојки треба да се на собна температура. Шолјата е од 200мл.
Се мати маргаринот со шеќерот во прав подолго додека не се стори како крем.
Потоа се додаваат сите состојки, од кои малку повеќе од половина од брашното.
Смеси убаво со додавање на остатокот на брашно, до меко еластично и нелепливо тесто.
Доколку има потреба на крајот од месењето додавајте по малку брашно, но не претерувајте.
Пред да го ставите млекото, заграјте го во подлабок сад до пред точка на вриење, да е убаво жешко. Во него се додава амонијакот за колачи кој ствара многу густа пена која се крева нагоре. Затоа е потребно садото да има поголем волумен од количината на млекото.
Доколку немате амонија, колачите можи да ги замените со прашак за печиво или сода бикарбона.
Во принцип повеќето заменуваат со прашак за печиво, но јас размислувам како би било кога сода бикарбона би се истретирала на истиот начин со млекото како амонијата.
Тестото се остава покриено 20-30 минути да одмори и потоа се прават форми.
Се зема делче од тестото и се сучи ваљак за секоја форма, која најчесто се плети во плетенка со преклопување на ваљачето и вртење на тестото или можи да се прават форми на зајачиња на ист принцип за телото, главата од форма на солза со засекување на тесниот дел и опавче – топче.
За зајачето доколку сакате иста димензија да се сите, телото се прави од тесто од 30 гр, главата 13 гр и опавчето 5-6 гр. А плетенките со 30 гр тесто. Секако, кој не сака да мери и одокативно, по фат можи да си ги изработи.
Направените форми веднаш се редат во плех на растојание бидејќи со печењето нараснуваат, се премачкуваат со жолчка измешана со млеко. Најчесто одозгора не се става ништо, или можи сусам и чоколадни капки за украс.
Се печат во загреана рерна на 160-170С 15-20 минути. Прво ќе нараснат, па благо ќе поруменат одозгора.
Од оваа доза излегуваат многу колачи, па можи да направите половина доза.
Мерки за половина доза
120 гр путер
¾ шолја шеќер во прав
¾ лажиче амониа 13 гр
¼ шолја жешко млеко
2 јајца
1 ванилин шеќер
Портокал шеќер
Кора од 2 портокали
½ неполна шолја сок од портокал
Прстофат сол
0,5 кг брашно и + можеби
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Не влегол во мојава кујна
Амоњак за колачи не среќаваме за прв пат на странава. За прв пат се појави во Нинбершките медењаци кај ЛилиН и од таму и јас го запознав :)
Амоњакот за колачи е многу сличен на сода бикарбона, се употребувал порано, пред содата да го завземи неговото место. Сепак, во индустријата за суви, кршливи колачи се користи амоњакот (амониум (би)карбонат).
Разликата е барем според мене тоа што амоњакот има малку посилно дејство врз кршливоста на ронливите, кршливи теста и придонесува да на јадење имаат колачите солидна крцкавост.
И како е амоњак додека се спрема секако дека ќе се осеќа и миризба својствена на него, но не е страшна и со печење комплетно ја сменува.
Амонијата ја имав долго време, ја чував за некои посебни колешуачи да ја употребам. И ја употребив за едни симит гурабии кои се правеа поранно во жито битола, кој ретко кој битолчанец не ги обожаваше, а сега ги нема никаде. и бидејќи работев на подобрување на рецептот во меѓувреме се пробаа и овие колачиња баш за празников.
и секако, кој сака да ги проба, едноставно амонијакот нека го замени со сода ;)