Кулуракија - грчки велигденски колачиња со амонија
Состојки
- 250 гр путер (можи маргарин или мешано)
- 1,5 шолја шеќер во прав
- 4 помали јајца
- 1 лажица ванила екстракт
- 1 пакетче портокал шеќер (ако имате)
- 1 неполна шолја жешко млеко
- 1,5 лажиче (25 гр) амониа (амоњак за колачи)
- прстофат сол
- рендана кора од 2 поголеми портокали (можи и со лимони)
- 1 неполна шолја сок од портокал
- околу 1 кг брашно
- За премачкување
- 2 жолчки
- 1 лажица млеко
Подготовка
Сите состојки треба да се на собна температура. Шолјата е од 200мл.
Се мати маргаринот со шеќерот во прав подолго додека не се стори како крем.
Потоа се додаваат сите состојки, од кои малку повеќе од половина од брашното.
Смеси убаво со додавање на остатокот на брашно, до меко еластично и нелепливо тесто.
Доколку има потреба на крајот од месењето додавајте по малку брашно, но не претерувајте.
Пред да го ставите млекото, заграјте го во подлабок сад до пред точка на вриење, да е убаво жешко. Во него се додава амонијакот за колачи кој ствара многу густа пена која се крева нагоре. Затоа е потребно садото да има поголем волумен од количината на млекото.
Доколку немате амонија, колачите можи да ги замените со прашак за печиво или сода бикарбона.
Во принцип повеќето заменуваат со прашак за печиво, но јас размислувам како би било кога сода бикарбона би се истретирала на истиот начин со млекото како амонијата.
Тестото се остава покриено 20-30 минути да одмори и потоа се прават форми.
Се зема делче од тестото и се сучи ваљак за секоја форма, која најчесто се плети во плетенка со преклопување на ваљачето и вртење на тестото или можи да се прават форми на зајачиња на ист принцип за телото, главата од форма на солза со засекување на тесниот дел и опавче – топче.
За зајачето доколку сакате иста димензија да се сите, телото се прави од тесто од 30 гр, главата 13 гр и опавчето 5-6 гр. А плетенките со 30 гр тесто. Секако, кој не сака да мери и одокативно, по фат можи да си ги изработи.
Направените форми веднаш се редат во плех на растојание бидејќи со печењето нараснуваат, се премачкуваат со жолчка измешана со млеко. Најчесто одозгора не се става ништо, или можи сусам и чоколадни капки за украс.
Се печат во загреана рерна на 160-170С 15-20 минути. Прво ќе нараснат, па благо ќе поруменат одозгора.
Од оваа доза излегуваат многу колачи, па можи да направите половина доза.
Мерки за половина доза
120 гр путер
¾ шолја шеќер во прав
¾ лажиче амониа 13 гр
¼ шолја жешко млеко
2 јајца
1 ванилин шеќер
Портокал шеќер
Кора од 2 портокали
½ неполна шолја сок од портокал
Прстофат сол
0,5 кг брашно и + можеби