Начини за вакви лепчиња има многу, овај е наш одомаќинет и збогатен со вкус на лук.

Најпрво се чисти лукот и се става во блендер, се додава маргаринот и се миксира да се добие еден фин премаз, се додава маслиновото масло. Секое лепче се премачкува со тенок слој. Се редат во плехче над хартија и се потпекуваат во рерна на 200 за едно 10 мин. Се вадат од рерната и врз топли лепчиња се реди кашкавалот, се враќаат пак назад додека убаво се растопи кашкавалот одозгора. На секое лепче откако ќе се извадат од рерната се посипува од посакуваниот зачин.
На сликата преовладуваат вкусови од копар,кари,чили,пипер

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови