Правилниот рецепт е со тост лепчиња,но јас го спремив со домашно подготвена векна со различни семиња и темно брашно.
Лепчињата исецкајте ги на мали рибанчиња.
Во тава на оган ставете путер да се растопи.
Додајте пасирано лукче.
Ставете ги во тавата на огин, нека примат од путерот и лукчето.
Кога ќе се запечат добро од двете страни тргнете од тавата.
Нека бидат миризливи и крцкави.
Во сад на страна испасирајте го авокадото или ако е потврдо исецкајте го на мали коцки.Додајте го исто сецканиот кромид и црвен домат.
Ставете иситнет магдонос. Промешајте добро. Зачинете,
Мачкајте ги топлите лепчиња со филот кој го спремивме.
Среќни празници
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови