Крцкави колачиња
ПРИПРЕМА
1. Измешајте ги брашното, снегулките, содата бикарбона, чоколадото во прв, ренданата кора од лимон или портокла, циметот и шекерот, додајте ги јајцата и маргаринот и замесето го тестото. Треба да е малку лепливо.
2. Земајте од смесата и првете топчиња, валкајте ги во кафен шекер, лесно налегнете ги и ставете во плех, печете на 160 степени околу 15 мин.
Значи - ништо полесно.
ЗАБЕЛЕШКА
Наместо чоколадо во прав можете да користите и Краш експрес или било кој чоколаден прав. Јас смесата ја замесив исто така со кафен шекер, а додадов и малку ѓумбир во прав... Наместо зобени снегулки... со блендерот иситнив микс од интегрални жита... исто така добро. Додека ги печете низ кујната се шири мирис кој ги разбудува чувствата, но вие барем малку почекајте да оладат - па тогаш навалете и јадете. Крцкаат - крцкаат додека ги јадете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Tuka ima tolku ubavi recepti eve na primer ovie kolacinja mora da se probaat,neobicni i sigurno vkusni:)
ги направив по рецепт, не аздисував со експериметирање овој пат, САМО додадов половина лажиче мелено каранфилче и немав кафен шеќер за ваклање, ама и со бел кристален шеќер беа ЗБОГУМ КРАШ :) :) :) :)
искрено не очекував толку дека ќе нараснат, па некои ми се залепија едно за друго и ете, морав да ги изедам тие сама, да не пукне брука пред гости :) :) :) :)
гостите ги бендисаа, не рекоа ништо. немаа време од што гнетеа :) :) :) :)
ти и лили ме уништивте. капка по капка ги прелеав пантолоните :) :) :) :)