Крцкави колачиња
Состојки
- 200гр. брашно
- 1 лажичка сода бикарбона
- 100 гр. зобени снегулки
- 100 гр. шеќер
- 4 лажици чоколадо во прав
- 1 лажичка цимет
- 1 лажица рендана кора од портокал или лимон
- 2 јајца
- 150 гр. маргарин
- за валкање крупен кафен шекер
Подготовка
ПРИПРЕМА
1. Измешајте ги брашното, снегулките, содата бикарбона, чоколадото во прв, ренданата кора од лимон или портокла, циметот и шекерот, додајте ги јајцата и маргаринот и замесето го тестото. Треба да е малку лепливо.
2. Земајте од смесата и првете топчиња, валкајте ги во кафен шекер, лесно налегнете ги и ставете во плех, печете на 160 степени околу 15 мин.
Значи - ништо полесно.
ЗАБЕЛЕШКА
Наместо чоколадо во прав можете да користите и Краш експрес или било кој чоколаден прав. Јас смесата ја замесив исто така со кафен шекер, а додадов и малку ѓумбир во прав... Наместо зобени снегулки... со блендерот иситнив микс од интегрални жита... исто така добро. Додека ги печете низ кујната се шири мирис кој ги разбудува чувствата, но вие барем малку почекајте да оладат - па тогаш навалете и јадете. Крцкаат - крцкаат додека ги јадете.