Крцкави лепчиња со кашкавал и зачини
Состојки
- 5-6 парчиња бајат леб
- 100гр. маргарин коцка
- 2 цели парчиња лук
- 5 -6 лајци маслиново масло
- 100-120гр. танки парчиња кашкавал,
- 1-2 гранчиња копар свеж,кари,чили,пипер,хартија за печење
Подготовка
Начини за вакви лепчиња има многу, овај е наш одомаќинет и збогатен со вкус на лук.
Најпрво се чисти лукот и се става во блендер, се додава маргаринот и се миксира да се добие еден фин премаз, се додава маслиновото масло. Секое лепче се премачкува со тенок слој. Се редат во плехче над хартија и се потпекуваат во рерна на 200 за едно 10 мин. Се вадат од рерната и врз топли лепчиња се реди кашкавалот, се враќаат пак назад додека убаво се растопи кашкавалот одозгора. На секое лепче откако ќе се извадат од рерната се посипува од посакуваниот зачин.
На сликата преовладуваат вкусови од копар,кари,чили,пипер