Е... ова од ризницата на бабините рецепти
Кај нас традиционално се спремаат вакви круши. Не може од секоја круша да се направи туршијата, исклучиво од Зимњак, јас така знам,ако не сум во право нека ме поправи некој. Овие круши се берат најдоцна, тврди се и не може да се јадат, значи наменети само за зимница, а ако се остават сами да гнијат така убаво наредени во гајбички, па на темно... е тогаш се вкусни и сочноста нивна е како мед. Јас паметам кога вака круши ложевме исклучиво во дрвено каче, сметам дека дури тогаш се тоа правото, во дрвено каче. Но денеска сме помодерни, качињата веќе ги немаме, па спремаме во лонци.
За да ги припремате вака крушите, откако ќе ги наберете мора да ги оставите малку да омекнат, гнијат велиме ние, потоа се мијат без да им се трга рачката, се редат во садот кој ќе го одберете вие, наполнете со вода колку што е потребно да истите бидат облиени, одозгора наредете ги гранчињата од цреша заедно со листовитен налегнете со нешто што ќе е тешко да цело време бидат облиени со водата и чекајте. Тие ќе вријат, ќе превираат и сега веќе во ова време готови се за консумирање.
Во последно време гледам некој става и конзерванс за да се осигура дека навистина ќе опстојат, не е нужно. Вкусот на туршијастата круша е токму во тоа што тие ферментираат без да се додава конзерванс и вкусот е малку поразличен кога ќе се спореди, црешовите листови има зошто да се внатре. Една година стававме со листови од вишна, исто така вкусни.
Кога се јадат тие знаат и да штипкаат на јазикот - тоа е убавината, многу освежителн вкус. Ќе си дадам за слобдно да кажам дека кога и да сум била болна од грип или сум имала температура - мислата ме гонеше токму кај овие круши, ми се чинеше дека во истиот момент веќе ми е подобро.
Значи рецепт посебен нема, ставате колку што имате круши, прелевата со вода, покривате со црешови листови.
Попатно сакам да кажам дека мојата мајка се сеќавам дека вака спремаше и туршијата од пипер и патлиџан.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани