Крушевска торта
Овој рецепт е од школска другарка на мојата ќерка Крушевчанка. Името на рецептот е чоколадна торта, но домашните кога сакаа да им ја направам за да ми објаснат велеа “ направија Крушевската торта ” па така дојде и името на оваа торта. Кај нас дома е омилена и многу често се прави, се надевам дека и вам ќе ви се допадне.
Најпрвин се прави филот односно дел од филот, бидејќи ни е потребен за тестото
1. Во сад на оган ги ставаме млекото, шеќерот, какаото и чоколадото за готвење. Мешаме додека не се згусни смесата, треба да почне да врие, односно да прави како кога правиме пудинг и тој е готов.
2. Згуснатата смеса ја оставаме да се излади.
Припрема на тесто
1. Белките ги биеме со шеќерот. Откако убаво ќе се избијат во нив ги додаваме брашното, презлата и 4 лажици од филот со чоколадо. Портокалот го цедиме. Сокот од портокал го додаваме во смесата за тесто. Мешаме со дрвена лажица.
2. смесата ја ставаме во плех кој ти е обложен со хартија за печење.
Припрема на фил
1. Жолчките ги биеме со шеќерот. Во смесата го додаваме маргаринот и продолжуваме да биеме.
2. во избиената смеса го додаваме претходно направениот фил со чоколадо.
3. биеме додека смесата не стане хомогена.
Тестото го сечиме на 3 еднакви дела ( ремени ). Врз првиот ремен од тетсо ставаме 1/3 од филот. Врз него го ставаме вториот ремен, повторно филуваме со половина од преостаната смеса. На крај го ставаме и последниот дел од тестото. Филуваме од сите страни со преостанатиот дел од филот.
Украсуваме со шлаг со вкус на чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
PREKRASNA TORTA.
Cesto ja pravam so mali izmeni i navistina e super vkusna i kremasta:)