Крофни со кисела павлака и рум
Сите состојки нека бидат на собна температура.
Во еден поголем сад ставете ги двата вида брашно, додајте го шеќерот, солта и измешајте. Растопете го путерот, во средината на брашното изронете го квасецот, па додајте ги млекото, киселата павлака, жолчките, растопениот путер и румот.
Мешајте со миксер со мешалките за тесто додека не добиете сосема мазно и еластично тесто. Оставете го да стаса додека не се удвои.
Лесно премесете го тестото, па расучете го во дебелина на прст. Вадете форми во големина по ваша желба и оставете ги да стасаат покриени со крпа. Тоа ќе биде брзо, за дваесетина минути.
Јас секогаш ги полнам пред да стасуваат, сечам кругови, на половината ставам по една лажичка мармалад. Поклопувам со друг круг и повторно пресекувам со помала чаша со тапи рабови. Така ќе се залепи тестото и мармаладот не истекува во пржењето.
Пржете ги во загреано масло на среден оган до убава златна боја. Нека се исцедат од маснотијата на хартиени салфетки, па посипете ги со шеќер во прав.
Се разбира, најубави се веднаш, ама заради брашното за колачи кое се става во тестото и затоа што нема белки се многу убави и ровки и другиот ден. Ако такво брашно немате, ставете обично. Одозгора можете да ставите и глазура, ако сакате. Иако има доста квасец, воопшто не се чувствува претеран мирис. Јас секогаш замесувам се одеднаш, ама, ако вие претходно го активирате квасецот, направете така.
Од наведената количина состојки ми испаднаа дваесетина крофни.
Лиценца: Сите права се задржани
Еднаш правев Фритули со рум, ама мислам да имаше и некои зачини од типот на цимет и сл. и искрено на никој не ни се допандаа, овде би сакала да знам румот како се понаша во вкусот? :) И да ми кажите какво е тоа брашно за торти и колачи (оти јас си спаѓам, во попростичка раја) :) А не сликава ми изгледаат доста примамливо додека врз нив врни шеќерен дожд
прстенот значи дека си ОДАДЕНА, се чувствувала ти или не :) :) :) :)
А сликата ти е одлична,одамна сакам да сликнам ваква со акција на неа,баш делува разиграно
Пробував неколку пати и мене не ми успеа :Ѕ да ја фатам пареата,напротив само ми ја замаглуваше сликата.Мора да има некоја финтица
Sostojkite se super i ova se navistina dooobri krofni:)
Dani, ispaga deka se poveke sakam da slikam otkolku da spremam hrana :)))))) Ne znam kako se sluci, edna strast da zamenam so druga :)))