Крофни со кисела павлака и рум
Состојки
- За тесто
- 500 гр брашно за торти и колачи
- 200 гр брашно Тип 400
- 6 жолчки
- 3 преполни лажици шеќер
- 50 гр путер
- 60 гр квасец
- 250 мл млеко
- 125 мл кисела павлака
- прстофат сол
- 2 лажици рум
- За полнење
- по потреба мармалад, Нутела, карамел, ванила крем
- За пржење
- по потреба масло
- За посипување
- по потреба шеќер во прав замирисан со ванила
Подготовка
Сите состојки нека бидат на собна температура.
Во еден поголем сад ставете ги двата вида брашно, додајте го шеќерот, солта и измешајте. Растопете го путерот, во средината на брашното изронете го квасецот, па додајте ги млекото, киселата павлака, жолчките, растопениот путер и румот.
Мешајте со миксер со мешалките за тесто додека не добиете сосема мазно и еластично тесто. Оставете го да стаса додека не се удвои.
Лесно премесете го тестото, па расучете го во дебелина на прст. Вадете форми во големина по ваша желба и оставете ги да стасаат покриени со крпа. Тоа ќе биде брзо, за дваесетина минути.
Јас секогаш ги полнам пред да стасуваат, сечам кругови, на половината ставам по една лажичка мармалад. Поклопувам со друг круг и повторно пресекувам со помала чаша со тапи рабови. Така ќе се залепи тестото и мармаладот не истекува во пржењето.
Пржете ги во загреано масло на среден оган до убава златна боја. Нека се исцедат од маснотијата на хартиени салфетки, па посипете ги со шеќер во прав.
Се разбира, најубави се веднаш, ама заради брашното за колачи кое се става во тестото и затоа што нема белки се многу убави и ровки и другиот ден. Ако такво брашно немате, ставете обично. Одозгора можете да ставите и глазура, ако сакате. Иако има доста квасец, воопшто не се чувствува претеран мирис. Јас секогаш замесувам се одеднаш, ама, ако вие претходно го активирате квасецот, направете така.
Од наведената количина состојки ми испаднаа дваесетина крофни.