Крофни
1. Квасецот се става во млакото млеко со шеќерот и една лажица брашно да запени.
2. Потоа се замесува тесто додавајќи ги останатите состојки.
Тестото се остава да се дуплира.
3. Откако ќе нарасни се расукува на благо набрашнета површина и кружен калап се вадат форми кои покриени се оставаат да отстојат 10на минути.
4. Се пржат редоследно започнувајќи од страната која лежеле сега да е горе.
Вака направени со дупче во средината не им треба многу време да се испржат. По некоја груба пресметка отприлика по минута, но не и две од секоја страна.
5. Испржените крофни се одложуваат врз кујнска хартија и потоа се прпелкаат во шеќер во прав.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови