Од предвидените состојки (путер, шеќер, јајца, брашно и печиво) се замесува тесто кое се остава во фолија за свежо и во фрижидер некои 30 мин. Се намастува садот во кој ќе печите (долгнавесто тавче од прилика големина бр.32).
Се дели тестото на 2 дела едната половина се сука со големина нешто повеќе од димензиите на дното на тавчето т.е.неговите краеви да се над работ на тавчето, потоа избодете го насекаде со виљушка.

За самиот фил, се мешаат сите состојки заедно па се нанесува над тестото. Од онај втор дел тесто повторно се сука кора и се сечат траки - ленти кои се нанесуваат накрсно најгоре нешто како кај линцер торта. Се печи на 180 за 40 мин.убаво да зарумени кога олади посипете шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови