Начин на подготовка
1. Во подлабок сад ставете го меленото месо. Додајте ја ситно сецканата една главица кромид, чешне лук и зачини. Парчињата леб потопете ги со вода. Истиснете ја со рака водата и изронете ги во садот со месото. Додајте го и јајцето. Со рака убаво измесете ги сите состојки да се изедначат и формирајте топчиња/ќофтиња со големина по желба.
2. Во тава со загреано масло ставете ги ќофтињата да се пржат кратко, колку да фатат коричка. Тргнете ги во чинија на страна.
3. Во истата тава ставете ги да се пржат останатите ситно исрцкани 2 главици кромид. Кога кромидот ќе добие стаклест изглед додајте 2 лажици доматно пире, и 50 мл црвено вино. Додајте ги и сецканите суви пиперки. Оставете кромидот да се динста кратко време.
4. Издинстаниот кромид ставете го во соодветен сад за печење во рерна, Врз него наредете ги ќофтињата од месо. Додајте го и лукот. Налејте 200 мл вода и ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу 40 минути да се запече.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови