Кромидарник (по рецептот на Бети)
Овој рецепт е на другарка ми Бети. Прв пат го пробав и многу ни се допадна. Особено делот кога мацкавме од сосот =))
Кромидот ситно се сецка и се пропржува во врело масло додека не омекне. Доматите се сечат на половина и се рендаат во кромидот на крупната страна од рендето.
Се промешува, се додава црвениот пипер и се става во тавче да се пече. Се пече во загреана рерна на 200 степени додека не испари течноста. Кога ќе биде при крај се ставаат цели јајца врз смесата од домати и кромид и се допекува додека не се стврднат по желба. Ако сакате жолчката да остане мека и течна, ќе внимавате помалку да се пече. Бројот на јаца зависи од бројот на лицата за кои што се приготвува ручекот.
Лесно, брзо, вкусно и рецепт кој всушност се приготвува од око и никако не може да се утне.
Младунче кога ги виде јајцата испечени рече
- МајкА, види, јајце на ОКОЛУ има (јајце на око) =))
Лиценца: Сите права се задржани
кромид кај нас повеќе од леб мислам дека се троши :)
клара, да нема баш пржење, само малку омекнува кромидот и одма му шибаш патлиџани. те предизвикувам да го направиш! :)
мари, нема да згрешиш, кромид е во прашање исто како и праз, нема утка :)
кате и вики, фала :)
Koga kazav deka kromidi za mandza ke jadat, reakcijata bese-praj si, jadi si. Ama jas si vmetnav fintica-koftinja. abe sto da ti raspravam-merak :) Plus zaslakav pomegu niv i nekoe potpoloskino jajcence, ete za da bidi po tvoe pak ;)
Ona pogore slikano vednas od rerna, a ova servirano vednas od zeska tava. Zivi-gladni bevme be, ne mu dadovme da izdisi :)
фала ви што ме израдувавте со волку убави слики, празните тањири ми се најубави слики <3