Путер кифли - Тетка Бети
Ова се кифлите на Тетка Бети. Тетка Бети е мајката на мојата старосватица. Најмеките и највоздушестите кифли што некогаш сум ги јадела. Вреди да ги пробате. Излегуваат доста и вредат за сиот труд што ќе го вложите.
Го ставате квасецот со шеќерот во затоплено млеко да стаса. Во смеса од брашното, солта и прашокот за печиво го ставате стасаниот квасец, белките и маслото, и замесувате со остатокот од млекото. Го оставате тестото да стаса (околу половина час).
Се размесува тестото и се дели на мали топчиња. Топчињата се расукуваат и се прават форми по желба. Може да им ставите фил по желба. Кифлите се премачкуваат со жолчка, се посипуваат со сусам (може и ленено семе или мешавина), и одозгора се ренда путерот.
Се печат на температура помеѓу 200 и 220 степени.
На тетка Бети кифлите се празни, така ги направив и јас, но на мал дел ставив и домашен мармалад од сливи чисто за проба.
Уживајте!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови