Испечати

Кромидарник со ќофтиња и суви пиперки

Кромидарник со ќофтиња и суви пиперки

Состојки

  • за ќофтињата
  • 300 гр. мелено јунешко месо
  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 2 парчиња леб
  • 1 јајце
  • 1 м.л сол
  • 1 м.л мешан сув зеленчук
  • 1/2 м.л црвен пипер
  • 1 м.л букова сол
  • за сосот
  • 2 големи главици кромид
  • 5 суви пиперки
  • 2 г.л доматно пире
  • 2 чешниња лук
  • 50 мл црвено вино
  • 200 мл вода
  • 1 м.л сол
  • 1/2 м.л мешан сув зеленчук
  • 1/2 м.л црн бибер

Подготовка

Начин на подготовка
1. Во подлабок сад ставете го меленото месо. Додајте ја ситно сецканата една главица кромид, чешне лук и зачини. Парчињата леб потопете ги со вода. Истиснете ја со рака водата и изронете ги во садот со месото. Додајте го и јајцето. Со рака убаво измесете ги сите состојки да се изедначат и формирајте топчиња/ќофтиња со големина по желба.
2. Во тава со загреано масло ставете ги ќофтињата да се пржат кратко, колку да фатат коричка. Тргнете ги во чинија на страна.
3. Во истата тава ставете ги да се пржат останатите ситно исрцкани 2 главици кромид. Кога кромидот ќе добие стаклест изглед додајте 2 лажици доматно пире, и 50 мл црвено вино. Додајте ги и сецканите суви пиперки. Оставете кромидот да се динста кратко време.
4. Издинстаниот кромид ставете го во соодветен сад за печење во рерна, Врз него наредете ги ќофтињата од месо. Додајте го и лукот. Налејте 200 мл вода и ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу 40 минути да се запече.
На здравје