Кремаста пудинг баклава
Еве нешто како летна верзија на баклава со малку поневообичаен фил.
Најпрво се вари пудингот и се покрива со целофан или посипува со шеќер во прав да не фаќа кора и се остава да лади. Изборот на вкус на пудинг можи да е по желба од наведените.
Потоа се спрема шербетот, кој е готов откако ќе изврие само 3 минути. Се трга на стана и тој и се остава исто така да се лади.
За премазот, убаво се матат јајцата со шеќерот и постепено се додава маслото. Со оваа смеса се премачкуваат корите. Спрема дебелината на истите, за еден ролат се потребни 3-4 кори. Од оваа доза излегуваат 3 ролати, така што филот се дели на 3 дела.
Секоја кора се премачкува со премазот. Врз последната кора на почетокот се става од оладениот пудинг фил и се витка ролат. Ролатите се редат во подмачкана тава/плех и одозгора се премачкуваат со масло. Се печат 15 мин на 180Ц.
Печената пудинг баклава се прелива со изладениот предходно подготвен шербет. Се остава неколку часа шербетот да се впие пред служење, при што во меѓувреме се превртува или прелива со лажица и одозгора.
Лиценца: Сите права се задржани
Дани-Така е како Лили што кажа, корите го впиваат шербетот. Во овој случај од брзање одокативно ставив состојки за шербетот и кај мене остана сепак од него :)
Mozebi ova kje ja rasprobame :D
Odlino izgleda. :)
Светулче, се намерив и уште една да правам во блиско време, но среќа ме спречи одењето на одмор, па ќе остани сега за некоја покасна прилика ;)
Заборавив да нагласам дека оваа баклава е паметно да се чува во фрижидер во жешките денови (иако кај мене успешно преживеа и во рерната една ноќ) и не можи толку долго да се чува како „нормалните“ :) баклави (кои таквите кај нас ретко дочекале 3 ден ако само ние дома си ја јадиме хаха, па не знам ни тие колку сила имаат долго да одстојат :) ) По мое сметам дека максимум 3 дена би и бил краен рок на траење.
Лиле физалисот не успеа оваа година за жал. На местото каде го засадивме сега дојде нов газда и се срамни со земјата. Ќе мора да се стрпам за него до другата година, ако преживеало семето да го засадам во некоја поголема саксија па потоа да му најдам згодно место на земја....
inace navistina preuba, e prebendisavme, osobeno kerkami zs nesakat standardni baklavi so orej se iznajade:))))
Samo malku zafrknav so vitkanjeto......e zavitkav od potesnata strana na korite i krajot mi ostana nezatvoren i malku istece vo pecenjeto ama si ostana gore nad korite i pak go izedovme ne otide jabana hahhaa
Za vitkanjeto mozi ili pomalku fil na kraevite, ili pak da gi podzavitkas so korite, iako mislam deka prviot nacin e polesen bidejki kremot e dovolno gust. A mozelo i edna hartija za pecenje pod niv ete, da go spasi ovoj ekces :))))
Fala ti mnogu za ubavite slikicki i doverbata. Baklavata ti ispadnala prekrasna :) A do kerkata od mene specijalen i najgolem pozdrav :*