Кремаст колач со малини
Најпрво се подготвува бисквитот. Белките и шеќерот се матат со миксер во цврст снег, потоа се додаваат лешниците, брашното и пецивото и се меша со лажица. Смесата се истура во плех обложен со хартија за печење и се пече во рерна на 200 степени околу 10 минути.
Потоа се подготвува кремот. Жолчките и шеќерот се матат со миксер, во друг сад се раствара пудингот со 100 мл. од млекото. Потоа растворениот прашок за пудинг се истура во смесата со жолчките, се промешува. Останатото 200 мл. млеко се става во сад на оган да зоврие и после се додава смесата од жолчки и прашок за пудинг. Се меша постојано додека не се згусти убаво смесата.
Сварениот крем се трга на страна и уште додека е топол му се додава чоколадата на парчиња да се растопи и потоа кремот се остава да се олади. Во друг сад се меша маргаринот со миксер и постепено му се додава оладениот крем.
Со вака приготвениот крем се премачкува бисквитот, па после над кремот се распоредуваат малините. Над малините се нанесува шлагот од изматена слатка павлака со рендана чоколада.
Се добива многу вкусен овошен и кремаст колач.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови