Подготовка

1. Во длабок сад ја ставаме слатката павлака (добро изладена претходно), млекото, 3-те ванила пудинг и ванилите. Миксираме до згуснување, околу 5 минути.
2. Во плехот редиме бисквити, кои ги потопуваме кратко во млако млеко (3 реда по 6 бисквити). Врз нив ставаме пола од кремот.
3. Потоа пак ставаме уште еден ред бисквити (натопени во млако млеко), па останатата половина од кремот. Рамниме убаво. Одозгора рендаме чоколадо.
4. Колачот го покриваме со стреч фолија, и го оставаме во фрижидер (најдобро преку ноќ), за да омекнат убаво бисквитите.

*Забелешка - По вкус, за блажина, доколку сакате, додадете неколку лажици шеќер. Јас не додадов.
На пакувањето од пудингот наведено е дека се миксира со 300 мл млеко, меѓутоа тука ставаме вкупно 500 мл млеко за сите 3 паковања, за да добиеме погуст крем.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани